Организација на жени од Струмица (ОЖС)
е основана во 1991 година и речиси триесет години е единствената женска граѓанска организација во Југоисточниот регион на државата која во континуитет работи на промовирање и застапување на политики базирани на еднакви можности, недискриминација и ненасилство врз жените и девојчињата.
OЖС е активна на полето на јавно застапување на политики за активно учество на жените во процесите на планирање и одлучување, на поттикнување, промовирање и застапување на мерки за превенција и заштита од родово базирано насилство, како и на политики за одговорно, транспарентно и отчетно владеење.