Портфолио

Организација на жени од Струмица (ОЖС) е основана во 1991 година и речиси триесет години е единствената женска граѓанска организација во Југоисточниот регион на државата која во континуитет работи на промовирање и застапување на политики базирани на еднакви можности, недискриминација и ненасилство врз жените и девојчињата.

ОЖС е активна на полето на јавно застапување на политики за активно учество на жените во процесите на планирање и одлучување, на поттикнување, промовирање и застапување на мерки за превенција и заштита од родово базирано насилство, како и на политики за одговорно, транспарентно и отчетно владеење.

Членовите на ОЖС се активистики кои располагаат со вештини и компетенции за вклучување во активности насочени кон остварување на целите на организацијата.

Извршната канцеларија на Организација на жени е составена од програмски раководител, координатор за административно и финансиско работење и администратор.

Принципи на работење

Во своето работење се водиме од принципите кои се составен дел од Кодексот на однесување на органзацијата: 
Организацијата во своето работење особено се раководи од принципот на почитување на секоја личност, без разлика на нејзината национална, верска, социјална, сексуална или било каков друг вид на припадност.

Главни цели на организацијата

Јакнење на капацитетите на жените за активно учество во креирање и застапување на родово одговорни политики
Промовирање и поттикнување на еднаквите можности, антидискриминацијата и ненасилство врз жените и девојчињата
Мониторинг и промоција на политики на одговорно, транспарентно и отчетно владеење

Главни целни групи

Жени, особено жените кои се активни на локално ниво
Локална и централна власт
Жени и девојки жртви на родово базирано насилство
Деца и млади
Сродни домашни и меѓународни граѓански организации

Целите на организацијата се остваруваат преку следните основни активности:

  • Теренски активизам (директен контакт со целните групи)
  • Аналитичко - истражувачки активности
  • Мониторинг и евалуација: примена и спроведување на закони, стратегии, акциски планови и програми на институциите, извршување на буџети, трошење на буџетски средства, изработка на извештаи
  • Јавно застапување
  • Превентивно и информативно – едукативни активности за жените и општата јавност, со посебен акцент на жени и девојки жртви на родово базирано насилство
  • Едукација на претставници на институциите
  • Превентивнаи едукативна работа со деца и млади
  • Бесплатна правна помош и консултации на жени и девојки жртви на родово базирано насилство
  • Јавни настапи и кампањи ОЖС, самостојно или во партнерство со други организации, е иницијатор на политики за унапредување на статусот на жената во општеството и има учествувано во креирање на стратегии и програми од областа на родовата активност, како и во застапувањето на истите пред локалните и централните власти.

Организацијата на жени од Струмица е единствената граѓанска организација на локално ниво која во своето работење применува: 1) вклучување на целните групи во идентификување на проблемите со кои се соочуваат и предлагање на решенија за истите; 2) јакнење на капацитетите и вештините на целните групи за застапувачки активности; 3) застапување пред локалните власти за вклучување на жените во процесите на планирање и одлучување; 4) мониторинг на реализацијата на буџетот и буџетските програми на локално ниво.

Активности