Заштита на жртви на семејно насилство

Цел: Да се обезбеди сеопфатна грижа, психо-социјална и правна поддршка и застапување, како и третман на жртвите на семејното насилство од Општина Струмица и останатите населени места во Југоисточниот регион на Република Македонија

Клучни активности:
  • Координиран пристап на институциите и организациите за превенција и заштита од семејно насилство
  • Бесплатна психо –социјална и правна помош и застапување
  • Јакнење на капацитетите на членовите на Локалното координативно тело (подоцна Мултисекторско тело) за превенција и заштита од семејно насилсво во општина Струмица
  • Згрижување на жени жртви на семејно насилство

Резултати:
  • Отворен Шелтер центар за згрижување на жени жртви на семејно насислтво
  • Формирано Локално координативно тело за превенција и заштита од семејно насилство (подоцна преименувано во Мултисекторско тело)
  • Изработен акциски план на општина Струмица за заштита на жени и девојки од секаков вид на насилство
  • Обезбедено згрижување на жени жртви на семејно насилство
  • Обезбедена бесплатна психо-социјална и правна помош на жени жртви на семејно насислтво