ФЕМИНИСТИЧКИ КАМП ЗА МЛАДИ ЕДУКАТОРКИ

Млади девојки и претставнички на граѓански организации од четири општини (Струмица, Радовиш, Демир Капија и Гостивар), учествуваа на ФЕМ Кампот за развој на програма за млади едукаторки во областа на родовата еднаквост.
Една од целите на кампот беше насочена и кон поврзување на учесничките од различни региони за понатамошно вклучување во заеднички активности за афирмација и застапување на женските права.
Организацијата на жени од Струмица оваа активност ја спроведува во соработка со Женска акција од Радовиш, Женско лоби од Демир Капија и Иницијатива за граѓански интеграции ИГИ од Гостивар, финансиски поддржана со институционален грант од Global Fund for Women.
Дополнително, активноста е поддржана и од Фондацијата Заев - Едно општество за сите.

Галерија