ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ВО СТРУМИЦА

Организација на жени од Струмица, во рамки на проектот„Активни млади за еднакви можности“, објавува отворен повик за 11 учесници  и еден младински лидер за младинска размена која ќе се спроведе од 21 до 29 март 2024 година во Струмица.
Главната цел на размената е да ја поттикне и афирмира улогата на младите во промоцијата и интеграцијата на принципот на еднакви можности во сите области на општествениот живот, како еден од основните принципи на ЕУ.
Храната и патните трошоци се покриени од страна на организаторот. Сместувањето, храната и патните трошоци за учесниците од Република Бугарија и Италија, исто така се покриени од страна на организторот на младинската размена.

Критериуми за учество:
Учесниците да се на возраст од 18 до 30 години;
Мотивираност и подготвеност за активно учество на размената;
Способност за комуникација на англиски јазик, бидејќи истиот работен јазик на размената;
Лидерот/ката може да биде на возраст и над 30 години;
Почитување на сите правила поставени од страна на организаторите.

Проектот е кофинансиран од Програмата Еразмус+ на Евопската Комисија, преку Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност.

На младинската размена во Струмица ќе учествуваат вкупно 35 и млади луѓе. Учесници ќе бидат и млади од Бугарија и Италија.
По завршувањето на размената, учесниците ќе добијат YouthPass сертификат (сертификат за неформално образование и истиот може да се искористи во CV, апликации за работа/ училишта/ факултети и слично.).
Во продолжение прочитајте повеќе за проектот и доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, ве молиме да испратите писмо на интерес со назнака „Младинска размена - Активни млади за еднакви можности“ на  info@ozstrumica.org.mk , најдоцна до 1 март2023 година..
Доколку имате прашања, ве молиме контактирајте не на: info@ozstrumica.org.mk

ЗА ПРОЕКТОТ
Прашањето на еднаквост и еднакви можности станува се поважно, бидејќи нееднаквиот третман на граѓаните ги нарушува односите во општеството и го отежнува постигнувањето на сите цели кон кои тоа се стреми. Почитувањето на човековите права, принципите на еднаквост и еднаквите можности на сите граѓани претставуваат предуслов за демократски и одржлив развој на секое општество. Принципот на еднакви можности е основно човеково право и претставува една од основните вредности на Европската Унија.
Младите учесници, преку креативни и интерактивни работилници ,ќе го зголемат своето знаење за значењето, промоцијата и застапувањето на концептот на еднакви можности, како еден од основните вредности на ЕУ.
ОПШТА ЦЕЛ: Да ја поттикне и афирмира улогата на младите во промоцијата и интеграцијата на принципот на еднакви можности во сите области на општествениот живот, како еден од основните принципи на ЕУ.
СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ:
А) Да се зголеми теоретското знаење на учесниците за поимот еднакви можности;
Б) Учесниците да усвојат знаење за критичка анализа за диферцијалното влијание на родовите улоги врз момчињата и девојките и за креирање на визуелни содржини;
В) Младите учесници да станат активни во областа на борбата против родовата нееднаквост и да играат активна улога во процесот на создавање на инклузивно општество;
Г) Младите да се стекнат со дигитални вештини за креирање визуелни содржини за застапување на еднаквите можности
Д) Да се развијат компетенции кај учесниците за тимска работа, лидерство, комуникација и застапување;
Ѓ) Да се зајакнат интеркултурните компетенции на учесниците, овозможувајќи им да комуницираат и да работат со млади луѓе од различни европски земји;
Е) Да се зголеми знаењето на учесниците за Програмата Еразмус + и нејзината Клучна акција 1 и да ги охрабри активно да учествуваат во европските младински програми;
Ж) Поддршка за воспоставување партнерства меѓу партнерските организации и младите за размена на добри практики помеѓу земјите учеснички;
З) Да се зајакне меѓусебното почитување и соработка преку почитување на разноликост

МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ И СМЕСТУВАЊЕ
Активностите ќе се реализираат во хотел Илинден, Струмица и на отворен простор во градот Струмица и планината Беласица.
Учесниците од Република Бугарија и Италија ќе бидат сместени во хотел Илинден во Струмица. Адреса: ул.Балканска бр.195, 2400 Струмица

Галерија