РАБОТИЛНИЦА ЗА РАЗВОЈ НА ПРОГРАМА ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ НА НОВО СЕЛО

Членови на Советот,  заедно со активистки од општина Ново Село, присуствуваа на работилницата за развој на Предлог програма за еднакви можности на мажите и жените на општината за 2024 година.
Креирани се приоритетни области, цели и акциски план со активности и буџет за спроведување на програмата, како и индикатори за следење на реализацијата на истата.
Проектот „Унапредување на родовата рамноправност во општина Ново Село“  е имплементиран со поддршка на „СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ регионален проект имплементиран од Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од С. Македонија и Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.