Заедно кон родово одговорни заедници

Главна цел: Унапредување на родовата еднаквост во три општини во Југоисточниот регион преку воведување на принципот на родова рамноправност во целокупниот буџетски процес.
Специфични цели:
1. Зголемена соработка помеѓу локалните самоправи и граѓанскиот сектор во општините Струмица, Ново Село и Радовиш за креирање и примена на родово одговорни буџетски програми.
2.Подобрување на транспарентноста и отчетноста во областа на родовото планирање и буџетирање на локално ниво.
Резултати:
Р1: Воспоставена соработка помеѓу претставници на ЛС-и и ГО-и од три општини за воведување на родовиот концепт во општинските буџети
Р2: Зајакнати капацитети на 10 ГО за застапување и мониторинг на родови политики
Р3: Промовирани наоди и препораки за родово одговорни политики
Р4: Подобрена транспарентност и отчетност на три локални самоуправи во Југоисточниот регион преку нивната заложба за подобрување на родовата еднаквост во буџетскиот процес
Проектот „Заедно кон родово одговорни“ е имплементиран од Организација на жени од Струмица и поддржан од Реактор – Истражување во Акција и нивните партнери преку Акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Оваа акција е финансирана од Европската Унија и кофинансирана од Шведска.