-
22.12.2022
-
Тековни проекти
Проектот за институционална поддршка на Организација на жени од Струмица има за цел да го зајакне организациско работење преку почитување и примена на процедурите за одржливо и транспарентно работење и преку и преку соработка со жени од урбани и рурални средини, сродни граѓански организации, со ЕЛС во Југоисточниот регион и останати релевантни институции за прашања кои се од заеднички интерес, заради поголемо влијание во процесите на креирање и спроведување на родово одговорни политики на локално ниво.
Институционална поддршка на Организација на жени од Струмица финансиски е поддржана од Акција Здруженска во рамки на проектот "Активни жени - Отчетни власти 3", финансиран од Шведска преку The Kvinna till Kvinna Foundation.