Целта на проектот е да придонесе кон зголемување на учеството и влијанието на жените во процесите на креирање политики, буџетирање и носење одлуки на локално ниво за создавање на подобри услови за живот во нивните заедници.
Краткорочни цели:
1. Градење на капацитетите на жените за мобилизација и активно учество во процесите на планирање, буџетирање и донесување одлуки на локално ниво
2. Јакнење на капацитетите на локалните жени за застапување на нивните потреби пред локалните власти и интегрирање на истите во буџетите на општините за 2022 година
Активности
А.1 Средби со жени во две локални заедници – Општина Струмица и Општина Босилово
А.2 Идентификување на проблемите и потребите со кои се соочуваат жените од две локални заедници за активно учество во процесите на планирање, буџетирање и донесување одлуки
А.3 Приоретизација на барањата и потребите на жените од двете локални заедници
А.4 Развој на модел за мобилизација на жените од локалните заедници
А.5 Спроведување кампања за застапување на проблемите и приортитетите на жените од четирите локални заедници
А.6 Мониторинг и евалуација на планирањето и извршувањето на буџетот
Очекувани резултати
Р1: Анимирани и охрабрени најмалку 40 жени за активно учество во процесите на планирање, буџетирање и на донесување одлуки
Р2: Утврдени потреби и приоритети со кои се соочуваат жените од две локални заедници
Р3: Зајакнати капацитети на најмалку 20 жени за граѓанско учество и застапување на проблемите и приоритетите во заедницата
Р4: Развиен модел за мобилизација на жени од две локални заедници
Р5: Мобилизирани најмалку 150 жени за учество во теренски акции и акции за застапување
Р6: Спроведени 4 теренски акции во две локални заедници
Р7: Прифатени најмалку 2 предлози/мерки за подобрување на квалитетот на животот на жените од страна на Локаните самоуправи на општините Струмица и Босилово (по еден од секоја општина)