Повик за ангажирање на локален асистент/истражувач

За потребите на проектот „Together toward gender responsive communities” („Заедно кон родово одговорни заедници“), суб-грантиран од Реактор – Истражување во акција во рамки на проектот „Унапредување на родовата еднаквост преку процесот на пристапување во ЕУ“, финансиран од Европската унија и кофинансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка, Организација на жени од Струмица објавува повик за ангажирање на:
 
Локален асистент/истражувач за родова анализа на буџетски програми и стратешки документи на општина Дојран
Целта на проектот е да допринесе кон унапредување на родовата еднаквост во три општини во Југоисточниот регион преку воведување на принципот на родова рамноправност во целокупниот буџетски процес.

Опис на позицијата
• Мапирање на локални актери
• Родова анализа на буџет и стратешки документи на општина Дојран
• Детална родова анализа на две буџетски програми
• Доставувања на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер
• Спроведување на анкетни прашалници
• Спроведување на фокус групи и интервјуа со претставници на локалните самоуправи и со граѓански организации
• Подготовка и доставување на кратки извештаи за спроведени активности
• Подготовка на месечни извештаи за работни часови
• Подготовка на извештај од спроведена анализа
• Редовна комуникација и соработка со проектниот тим на Организација на жени од Струмица
• Комуникација и соработка со останатите локални асистенти/истражувачи
• Во соработка со проектниот тим, застапување базирано на податоци
• Учество на состаноци, конференции и други настани

Вештини и квалификации
• Минимум три (3) години работно искуство во областа на родовата еднаквост
• Искуство во примена на истражувачки методи и мониторинг на буџетски програми
• Аналитички вештини
• Солидно познавање на пишан и говорен англиски јазик
• Одлично познавање на MS Office пакетот
• Поседување диплома за високо образование ќе се смета за предност
• Работно искуство во граѓанскиот сектор ќе се смета за предност
• Искуство во соработка со ЕЛС ќе се смета за предност
• Одлични комуникациски вештини.

Информации поврзани со работниот ангажман
Ангажманот за оваа позиција се однесува за период од 9 месеци. Месечниот хонорар е во висина од 145 евра во денарска противредност (бруто). Вкупното работно време за период од девет месеци изнесува сто и осумдесет (180) работни часа, кое може да варира на месечно ниво (на пример, еден месец 30, друг месец 10 работни часа итн.).

Како да се пријавите
Испратете ја Вашата работна биографија и мотивациското писмо (не повеќе од 500 зборови) на info@ozstrumica.org.mk со наслов: Апликација за локален асистент/истражувач.

Краен рок за аплицирање:
18 април 2022 година.

Ве молиме без телефонски јавувања.