Повик за изработка на видео

Организација на жени од Струмица објавува објавува повик за изработка на кратко анимрано видео кое ќе биде дел од инфорамтивно – едукативна кампања во рамки на активности за подигање на свеста кај младите за превенција и заштита од меѓуврсничко насилство во училиштата. Реализацијата на активностите е овозможена преку Програмата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Струмица.

Повикот е отворен за физички и правни лица.

ВИДЕО

Избраниот понудувач ќе има задача да изготви 1 (едно) кратко видео со креативни решенија за прикажување на формите за насислтво, опасноста и последниците  од меѓуврсничкото насилство и најчестиот облик  на насилство меѓу младите во училиштата – сајбер најсилство (со посебен акцент на насилство врз девојчињата). Покрај тоа, видеото има за цел да ги информира младите и целокупната јавност за превентивните мерки што треба да се преземат со цел заштита на младите.
Максималното времетраење на видеото е потребно да изнесува 3 (три) минути  во верзија  погодна за споделување на телевизии и на социјални медиуми.
Видеото е потребно да содржи креативни решенија, илустрации, анимации – во зависност од изборот на креаторот – кои на поедноставен и визуелно привлечен начин ќе го прикажат проблемот кај младите.
Ангажманот ќе вклучува тесна соработка со тимот на Органзиација на жени од Струмица и со Координаторката за еднакви можности на Општина Струмица.

Опсег на работа и клучни задачи
  • Разработка на креативен и идеен концепт – во соработка со тимот на Организација на жени од Струмица и Координаторката за еднакви можности на Општина Струмица;
  • Снимање, постпродукциска обработка, монтажа, графичка и звучна обработка;
  • Редовна комуникација со тимот на Организација на жени од Струмица и Координаторка за едакви можности на Општина Струмица.
Рок за спроведување

Работата на оваа активност се очекува да биде спроведена во период од 23 ноември до 02 декември 2021 година, а крајниот продукт да бидат доставен во финална верзија најдоцна до 6 декември  2021 година.

Квалификации
  • Искуство во подготовка (претходно спроведени) видеа.
 Проценети трошоци

Кандидатот/ката ќе биде избран врз основа на пристапот „најдобра вредност за парите“. Таа / тој ќе се плаќа по успешното завршување на задачите и доставување на испораките.
Организација на жени од Струмица  го задржува правото да го задржи целиот или дел од плаќањето, ако работата е незадоволителна, ако работата / резултатите се нецелосни, не се испорачани или не се исполнети роковите.

Сопственост

Продуктот( видеото) кое ќе произлезе од ангажманот ќе останат во сопственост на Организација на жени од Струмица. Добавувачот се согласува да не го користи продуктот надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Организација на жени од Струмица.

Како да аплицирате

Сите заинтересирани кандидати треба да достават кратка биографија, нацрт сценарио и финансиска понуда на: info@ozstrumica.org.mk  до 27.11.2021 со назнакa „Апликација за изработка на видео – Меѓуврсничко насилство“.
Доколку имате прашања во врска со темата, контекстот, начинот на аплицирање или било што околу повикот, контактирајте не на 075 652 017 или на горенаведената меил адреса.