Носител: Акција Здруженска - Скопје
Локална партнер организација: Органзиација на жени од Струмица
Цел: Општата цел на проектот е да го унапреди третманот на родовите прашања во програмското и буџетското планирање на локално ниво, преку примена на застапувачки акции од локални женски организации за воведување и финансирање мерки кои соодветствуваат на приоритетите на жените од локалната заедница.
Во рамките на проектот беше развиена Методолошката рамка за следење преку која се обезбедат основните неопходни информации и аргументи за успешно застапување на потребите на жените во заедниците. На процесот на следење на планирачките и буџетските процеси му претходеше процес на партиципативно истражување заради идентификација на проблеми и приоритетни услуги во одделните области на надлежност од страна на жените од локалните заедници. Резултатите прибрани преку фокус групи и улични анкети претставуваа основа за селектирање на заеднички приоритет кој поголемиот број на жените од заедницата го посочиле како проблем. Специфичната цел на следењето беше да се идентификува дали и на кој начин ЕЛС ги третира потребите на жените од локалната заедница, односно предмет на следење беа активностите/мерките и ресурсите на ЕЛС во однос на избран приоритет идентификуван од самите жени, а чие решавање спаѓа во директна надлежност на ЕЛС.
Организација на жени изработи Извештај од мониторингот на процесот на подготовка на програмите и буџетот на Општина Струмица за пристапот до услуги од областа на економско зајакнување на жените и во истиот се содржани клучните наоди и препораки од следењето.