Целта на проектот е да придонесе кон зголемување на учеството и влијанието на жените во процесите на креирање политики, буџетирање и носење одлуки на локално ниво за создавање на подобри услови за живот во нивните заедници.
Активности
А.1 Средби со жени во две локални заедници – Општина Струмица и Општина Босилово
А.2 Идентификување на проблемите и потребите со кои се соочуваат жените од две локални заедници за активно учество во процесите на планирање, буџетирање и донесување одлуки
А.3 Приоретизација на барањата и потребите на жените од двете локални заедници
А.4 Развој на модел за мобилизација на жените од локалните заедници
А.5 Спроведување кампања за застапување на проблемите и приортитетите на жените од четирите локални заедници
А.6 Мониторинг и евалуација на планирањето и извршувањето на буџетот
Очекувани резултати
Резултат број 1: Анимирани и охрабрени најмалку 40 жени за активно учество во процесите на планирање, буџетирање и на донесување одлуки
Резултат број 2: Утврдени потреби и приоритети со кои се соочуваат жените од две локални заедници
Резултат број 3: Зајакнати капацитети на најмалку 20 жени за граѓанско учество и застапување на проблемите и приоритетите во заедницата
Резултат број 4: Развиен модел за мобилизација на жени од две локални заедници
Резултат број 5: Мобилизирани најмалку 150 жени за учество во теренски акции и акции за застапување
Резултат број 6: Спроведени 4 теренски акции во две локални заедници
Резултат број 7: Прифатени најмалку 2 предлози/мерки за подобрување на квалитетот на животот на жените од страна на Локаните самоуправи на општините Струмица и Босилово (по еден од секоја општина)
Цел: Да се влијае врз промена на ставовите на младите учесници и преку нив на нивните врсници, семејства и пријатели во нивните заедници преку усвојување на алатката „Човечка библиотека“, како начин за справување со говорот на омраза, стереотипите, предрасудите и дискриминацијата.
Проектот го спроведува организација на жени од Струмица во рамки на програмата Еразмус+, КА 105. Партнери: НВО Инфоцентар – Скопје, Свет за сите – Република Бугарија, Обединети Балкани – Република Бугарија и Ескад – Република Турција.