Социјална отчетност за родова еднаквост

Носител: ЕСЕ - Скопје

Локална партнер организација: Органзиација на жени од Струмица

Цел: Да се формира национална граѓанска мрежа заради унапредување на општествената одговорност за родова еднаквост. Најмалку шест организации членки на мрежата ќе усвојат рамка за граѓанско учество на жените.

Клучни активности:
  • Мониторинг на активните програми и мерки на Оперативните планови на АВРМ за 2017 и 2018 година (Самовработување, Македонија вработува и Услуги за вработување на АВРМ)
  • Мапирање на релевантни институции и на заедницата
  • Влез во домаќинствата
  • Едукација и застапување на локално и национално ниво

Резултати:
  • Анализа на сите релевантни јавно достапни програмски и буџетски податоци што се однесуваат на планирањето, спроведувањето и следењето на активните програми и мерки за вработување
  • Мапирани 77 претставници на национални и локални јавни инситутции одговорни за донесување одлуки поврзани со активните програми и мерки за вработување и нивна имплементација
  • Мапирани 1 680 домаќинства и 3 932 членови на домаќинствата од Тетово, Битола, Свети Николе и Струмица, меѓу кои 1 216 потенцијални корисници или пак корисници на активните мерки и програми за вработување;
  • Изработени извештаи

Активни жени – отчетни власти 2

Проектните активности се во насока на зголемување на влијанието на жените во процесите на планирање на локални политики и донесување одлуки.