Цел: Да се зголеми вклученоста на локалните актери во механизмите за донесување одлуки поврзани со процесот на пристапување во ЕУ
Активности
- Идентификација на локалните предизвици и потреби, преку консултации, истражувања и анализи.
- Пренесување знаења преку обуки за општинската администрација и за граѓанските организации.
- Развој на општински акциски планови и воспоставување локални механизми за консултација.
Резултати
- Аналитички извештаи од мапирањето на тековните состојби и соработката меѓу општините и граѓанските организации во програмирањето и учеството во фондовите од ИПА (во општините Битола, Струмица, Тетово и Градот Скопје)
- Студија на постојната состојба, потребите и политиките на граѓанските организации за искористување на ИПА фондовите.
- Зголемено знаење и подобрени способности на општините и на граѓанските организации за учество во програмирањето на ИПА фондовите и аплицирање за европско финансирање.
- Зголемено вмрежување меѓу граѓанските организации за да се следат заедничките стратегии за застапување кои ги одразуваат локалните интереси и потреби.
- Подготовка на акциски планови во општините кои предвидуваат постојани механизми за консултација меѓу општините, подобар придонес и учество на општините во програмирањето на фондовите и платформа за заеднички апликации за европски фондови
Проектот е спроведен од страна на НВО Инфоцентар во партнерство со Организација на жени од Струмица, а со фианансиска поддршка од ЕУ.