Активно вклучување на жените во процесите на носење одлуки

Цел: Да се придонесе кон зголемување на информирањето и едукацијата на жените за нивно поголемо учество во креирање на локалните политики и во процесите на одлучување во општина Струмица.

Клучни активности: 
  • Средби со жени во десет населени места
  • Работилници за идентификување на приоритети на жените од населените места
  • Средби со претставници на ЛС на општина Струмица за решавање на иднетификуваните проблеми и приоритети

Резултати:
  • Зајакнати капацитети на 50 жени за идентификување на проблеми и приоритети во заедниците
  • Зајакнати вештини на 10 жени за застапувачки активности
  • Зголемено учество на жените од населените места во општина Струмица во процесите на креирање на политики и процесите на одлучување